Google снимил мистериозен објект на грчкиот брег: Луѓето збунети, научниците молчат, никој не знае што е ова

Google Earth снимил непознат објект крај брегот на Грција, но никој не е во состојба да го идентификува.

Објектот е кружен, има дијаметар од 67 метри, а на него се гледаат неколку симетрични кругови.

Јасно се гледа под површината на морето, а се наоѓа на само неколку метри од брегот Мичанион кај Солун. На снимката се наведува дека координатите се 40’27’4.62″ географска ширина и 22°51’39.78″ географска должина.

Снимката на Disclose.tv ја објавил еден корисник на апликацијата Google Earth, а веднаш почнале претпоставките што се крие длабоко во водата. Најмногу корисници на социјалните мрежи сметаат дека се работи за некогашен светилник, а некои дека е вулкански кратер.

“Ова е чудно. Теренот изгледа опасно, длабоко е. Ништо во оваа област не изгледа како тој објект. И обликот му е многу симетричен. Постои пристаниште во близина на северот. Дали можеби е поврзано со оваа структура”, се прашува еден.

Со оглед на тоа дека објектот е релативно блиску до брегот, многумина сметаат дека е чудно што никој досега не го видел или наишол на него.

Leave a comment

error: Content is protected !!