Ријалити ѕвездата и сопруга на раперот Каније Вест, Ким Кардашијан, обично на својот профил на Инстаграм се рекламира на тој начин што се облекува гола.
Голотијата во случајот на Ким не е некоја новост, но сепак нејзините фанови не биле претерано воодушевени и тоа го изразиле во коментарите под фотографијата.
“Очајнички сакаш да привлечеш внимание. Патетично е тоа. Мајка на три деца, засрами се”, биле некои од коментарите, а фотографијата добила повеќе од 2 милиони лајкови.
Секако, имало и пофални коментари, но и такви кои заклучиле дека Ким само се фали со успешните резултати од бројните естетски корекции.