Гола скока од тераса бегајќи од подивениот сопруг! Убавата Рејчел неодамна била брутално претепана, а сега се појавила и снимка како се спасувала

Рејчел Оштовиќ, американска борачка со хрватско потекло, итно била пренесена во болница во Хонолулу пред нешто повеќе од еден месец, каде било откриено дека има скршена коска во пределот на окото. Како што се пишувало, тешката повредна на јаболчницата и ја нанело “блиско лице”, па целиот инцидент бил окарактеризиран како “семејно насилство”.

Се воспоставило дека сите наводи се вистинити. Виновник за нападот е нејзиниот сопруг Арнолд Бердон, со кого ја има и ќерката Руби Роуз.

Арнолд на судењето се изјаснил како невин, и изјавил дека станувало збор за само уште еден од нивните жестоки пресметки. Меѓутоа, аматерската снимка која испливала во јавноста го докажува спротивното. На таа снимка, тој неколку пати и се заканува со смрт, додека таа го моли да престане и плаче. Подоцна, таа гола ја прескокнува оградата од терасата и скока од три метри бегајќи од него.

Бердон ќе биде обвинет за физички напад со нанесување на телесни повреди, а имало и шпекулации дека ќе биде поднесено обвинение за обид за убиство.

Leave a comment

error: Content is protected !!