Го воодушеви жирито на X Factor, се вереше со најголемата обожавателка, а сега ја освојува и Евровизија

Преставничката на Финска- Сара Алто е една од најпопуларните изведувачи на Евровизија 2018.

Сара уште од мала сонувала да стане голема музичка ѕвезда, а сонот и се остварил кога во 2016 година се пријавила на Х Фактор во Велика Британија. Таму стана миленичка на најстрогиот Сајмон Кауел, на Никол од Пусикет Долс, како и на Шерон Озборн. Нејзините настапи уште се раскажуваат, но за жал заврши втора и не успеа да победи.

Оваа година, финската пејачка реши да си ја проба среќата на Евровизија, со песната „Monsters” во која што пее дека сите треба да се ослободиме од стравовите кои не ни дозволуваат да живееме како што сакаме. Инсипирација за песната е она што и се случило во нејзиниот приватен живот.

Имено, додека настапувала на Х Фактор, преку Фејсбук почнала да се допишува со својата најголема обожавателка, а потоа и случајно се запознале. Веднаш меѓу нив се родила хемија, иако Сара претходно не ни помислувала на врска со девојка. Поради новата љубов го оставила и долгогодишното момче. Со Мери се заедно неколку години, а неодамна тие се верија и наскоро ќе се венчаат.

 

 

Leave a comment

error: Content is protected !!