Го прогласиле за мртов, а после 30 години ги дочекало големо изненадување

Жил Бертан пред 30 години бил пионир во францускиот панк, но исчезнал од лицето на земјата откако учествувал во спектакуларен грабеж на оклопен камион во Тулуз откако украл 3 милиони евра.

Прогласен бил за мртов, но неодамна се појавил во јавност како слободен човек.

Бертан, еден од десетината крадци кои ја изиграле полицијата, конечно бил осуден во четвртокот, но нема да мине ни ден зад решетки. Одлуката на поротата да му се суспендира 5-годишната казна затвор во судницата била дочекана со аплауз. Бертан во судот дошол со работите кои сакал да ги понесе во ќелијата, бидејќи очекувал дека нема да се извлече.

“Морав да платам долг, немав избор”, рекол пред судот кога објаснувал зошто го извршил грабежот.

Сепак, неговото појавување пред правдата не е резултат на полициски успех, туку сам се предал во 2016. година, бидејќи, како што рекол се уморил од животот под нервоза и лаги.

Грабежот се случил во април 1988. година, кога бил пејач на панк групата “Camera Silence” од Бордо. Поранешниот зависник од хероин еднаш со месеци бил во затвор, бидејќи се обидел да го ограби домот на еден судија. Од дрогата успеал да се излечи, но ја заменил со кражби.

“Повеќе од пари сакав само адреналин”, рекол тој своевремено.

Грабежот го планирале една година. Една вечер порано, киднапирале тројца вработени од кои едниот го исклучил безбедносниот систем, облекувајќи се како полицаец.

“За маски купивме две стари униформи на пазар и ги офарбавме во сино”, рекол тој.

Дури и се јавиле на локалните весници да се пофалат за грабежот кој го извеле без испукан куршум. Украле 11,75 милиони франци, што е околу 2,9 милиони евра денес. Иако неговите соучесници биле фатени, парите исчезнале.

Бертан ја преминал границата со Шпанија и се обидел да дојде до својот партнер во Барселона, но полицијата му била зад пети па побегнал. Во 1994. година дознал дека е заразен од ХИВ вирус. Во текот на третманот на крајот го изгубил видот во левото око.

Го земал името Дидиер Бале и се преселил во предградието на Барселона, каде со новата партнерка Сесилија го преземале кафулето од нејзините родители. Судот во 2004. година го осудил на 10 години затвор, но во 2010. година бил прогласен за мртов.

Иако очекувал веднаш да биде затворен кога ја преминал границата во 2016. година, судијата одлучил дека може да остане на слобода до судењето. Во меѓувреме се сретнал со првиот син и својата сестра, а родителите му починале додека бил во бегство.

“Лажењето за неговото минато му станало неподносливо, и решил да проговори”, рекол неговиот адвокат Кристијан Етелин.

Leave a comment

error: Content is protected !!