Ова е приказна за 21-годишната Лиз, чијшто живот се променил за секунда. Некогаш била помеѓу најпопуларните во училиштето, како и меѓу своите пријатели, а работела и како манекенка.
Но, тогаш дошол денот кој засекогаш и го сменил животот. На 17 години, додека возела автомобил, добила порака од својата мајка. Го земала телефонот во раце и почнала да ја чита пораката, а потоа следувал шок.
Доживеала тешка сообраќајна незгода, а во тој момент останала без едно око, не слуша на едното уво и не може да препознае мирис.
Сите „пријатели“ со текот на времето исчезнале, а Лиз времето го поминувала осамена и затворена дома. Нејзината мајка во една прилика го отворила Фејсбук профилот на својата ќерка и видела статус кој ја трогнал и расплакал. Девојката напишала: „Сака ли некој да помине малку време со мене? Сама сум и немам пријатели“.
Мајката се уште чувствува вина затоа што ја напишала кобната порака, поради која ќерката направила сообраќајка. Пред две години тие гостуваа и кај Опра, за да ја раскажат нивната трагична приказна, но и да пратат порака до сите- Не читајте и пишувајте пораки додека возите!