Малечката Кејтлин, која е стара само 6 недели, има прилично добар чувар. Станува збор за куче од расата питбул со име Ајубреј, кој воедно е и нејзиниот најдобар пријател.
Мајката на Кејтлин ги оставила својата ќерка и кучето сами на кратко во собата, а кога се вратила, имала што да види.
Откако видела дека Кејтлин и Ајубреј заедно лежат гушнати во кревет, решила да сними и овој преубав момент да го сподели со целиот свет.