Го мие своето бебе два пати неделно во избелувач: “Жал ми е, но морам”

Алиса Барбер од Вашингтон е приморана да го капе својот син два пати неделно во избелувач. Таа го прави тоа бидејќи капењето во агресивната течност овозможува лупење на тврдата кожа, при што спречува инфекции.

“Повремено се случува да проголта избелувач кога го полевам по главата, а знае да се случи и да му влезе течноста во очи. Тоа ми е страшна глетка бидејќи многу го боли. Плаче, а понекогаш и јас плачам”, изјавила таа.

Оваа ретка генетска болест која на латински се вика “harlequin ichthyosis”, предизвикува огрубување на кожата поради што заболените имаат отежнато дишење и движење.

Пореметувањето ги оневозможува вообичаените функции на кожата, нема заштитен слој, оневозможено е потењето и е зголемена склоноста кон разни инфекции.

Алиса морала да даде отказ од своето работно место и целосно да се посвети кон грижата за синот. Освен капење во домашен избелувач, едногодишниот Џејмс се капе два пати неделно по 45 минути во обична вода, а мајката го трие со шмиргла за да ги отстрани неговите лушпи од кожата.

Детето мора да прима и морфиум кој ги ублажува страшните болки.

Leave a comment

error: Content is protected !!