Го избодела момчето, избегнала затвор, а сега со сменето име ужива со син на руски милионер

Пред една година британката Лавинија Вудвард дошла до центарот на вниманието бидејќи го избодела момчето, а во затвор не отишла бидејќи, според зборовите на судијата, била “премногу паметна”.

Така гласело образложението на судот во Лондон – судот одлучил дека е “премногу паметна и талентирана” за да биде во затвор. Пресудата предизвикала различни реакции ширум Британија и светот, а Лавинија се повлекла од јавноста.

Меѓутоа, британските медиуми дознале дека Лавинија денес ужива со новото момче, ни помалку ни повеќе, туку син на руски олигарх.

Нејзин нов избраник е Филип Кагаловски, син на Константин Каваловски. Се верува дека семејството Кагаловски во Лондон има семејна вила вредна 60 милиони долари, но Лавинија и Филип живеат во стан во Кенсингтон, вреден милион долари.

Деталите од таа романса не се познати, но медиумите пишуваат дека Филип и Лавинија се во врска од февруари 2017. година. Судејќи по нивните фотографии на социјалните мрежи, тие своето време го минуваат на луксузни патувања. Едно од последните места кое го посетиле е Монако.

Лавинија моментално прави пауза на факултет, но сака да се врати на студиите по медицина. Го променила името на Фејсбук, а нејзините пријатели велат дека се надева дека сите ќе ја заборават, по што ќе може да се врати на Оксфорд.

“Таа верува дека сите ќе ја заборават нејзината приказна, и дека ќе може да се врати на медицина. Лавинија е паметна на многу начини, па тоа би можело да биде и добра работа, но никој не сака да го лечи личност која не може да го скроти својот темперамент”, вели нејзин пријател.

Случајот кој го обележал нејзиниот живот се случил кон крајот на 2016. година, кога поранешното момче Томас Ферклоу го забодела со нож во нога.

Кога дошол кај неа на 30. декември, Томас ја видел Лавинија дрогирана и пијана и почнале да се расправаат. Таа станала агресивна, па Томас и се јавил на нејзината мајка, за да ја праша за совет. Кога го видела тоа, Лавинија го забодела во нога.

Причината поради која судијата во Оксфорд ја пуштил на условна слобода е бидејќи не сакал “да и ја уништи шансата да биде лекар”. Судијата Прингл рекол дека студентката во меѓувреме го променила однесувањето и дека сега е сосема различна личност.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!