“Го исполнив тоа што го ветив”: Зубаира Тукхугов со провокација за МекГрегор

Големата борба која со месеци ја очекуваа фанатиците на УФЦ, истите ги остави шокирани од расплетот во Лас Вегас, не поради победата на Kабиб Нурмагомедов, туку поради начинот на кој Русинот “полуде” во ситуација кога го „задави“ Конор МекГрегор во октагонот.

Борецот кој е роден во Дагестан влегол како фаворит во борбата и ја оправдал оваа улога со доминацијата во сите четири рунди пред да го докрајчи Ирецот, но доброто издание во октагонот остана во втор план поради тоа што го направи во продолжение. Нурмагомедов ги нападна луѓето на МекГрегор и влезе во физичка пресметка со дел од нив, а во меѓувреме луѓето од неговиот тим влегоа во „кафезот“ и му зададоа удари на Ирецот.

Сето ова го принуди Дејна Вајт да ја откаже церемонијата и да нема доделување на појасот, а додека одговорните луѓе од УФЦ и Невада треба да донесат конечна одлука за испадот кој го имаа Kабиб и неговите соработници, на социјалните мрежи се јави еден од напаѓачите на МекГрегор.

Зубаира Тукхугов кој е добар пријател на Kабиб беше еден од тројцата напаѓачи, а токму тој се огласи на Твитер и порача дека го исполнил ветувањето кое си го дал пред борбата, без разлика на тоа што сега му се заканува доживотна суспензија од УФЦ.

– Го удрив како што ветив претходно. Ветив дека ќе му одговорам за неговите зборови и го направив тоа, – порачува Зубаира.

Leave a comment

error: Content is protected !!