Го гледавме во српски и хрватски серии, а сега овој актер е мегапопуларен во Холивуд- Запознајте ја ѕвездата на „Deadpool 2″

Доколку сте го гледале филмот „Deadpool”, сигурно во очи ви паднал и симпатичниот лик Колосос, кој е најомилен веднаш после главниот лик кој го толкува Рајан Рејнолдс. 

Колосос го толкува српскиот глумец Стефан Капичиќ кој кај нас го имаме гледано во неколку серии- „Вратиче се роде“, „Обични људи“, „Ларин избор“, „Бичемо прваци света“, но последниве неколку години од српско-хрватскиот тв и филмски пазар се пресели во Холивуд. Актерот глуми и во познатата серија „Counterpart”, а светски познат стана по улогата на џинот Колосос во „Deadpool”.

Сега со поголема улога се враќа во вториот дел на филмот, а заедно со пријателите и фамилијата и се поклони на домашната публика на премиерата на филмот во Белград.

„Мислам дека имаме продолжение кое е апсолутно достојно за првиот дел, со многу повеќе акција и смеење. Низ најава е прикажана многу малку конкретната приказна, па луѓето не знаат што ги очекува. А ги очекуваат неколку работи кои ќе станат антологиски“- најави Капичиќ.

Актерската екипа на филмот ја сочинуваат Рајан Рејнолдс, Морена Бакарин, Џош Бролин, Т.Џ Милер, Стефан Капичиќ, Еди Марсан, Каран Сони и уште неколку познати холивудски актери. Сценариото го потпишуваат Рет Рис и Пол Вреник, сценаристи и на првиот „Deadpool”. Рајан Рејнолдс овојпат се најде во улога и на косценарист и продуцент на филмот.

Leave a comment

error: Content is protected !!