Го бараат 3000 полицајци: Го извлекле за само неколку минути, а еве која била улогата на неговиот брат!

Речиси 3000 француски полицајци трагаат по побегнатиот затвореник Редоан Фаид, кој во неделата спектакуларно побегнал со хеликоптер.

Во текот на истрагата уапсен бил и неговиот брат Брахим Фаид, а полицијата иако уште не го пронашла криминалецот, успеала да ги реконструира настаните кои му претходеле на бегството.

Тој ден, Фаид го очекувал доаѓањето на својот брат, но наместо да се видат попладне, посетата била преместена за утрото. Фаид рекол дека би сакал да го гледа натпреварот попладне, и ги притискал чуварите и затворската администрација да го променат времето на посетата. Бидејќи таквите барања се вообичаени, персоналот прифатил.

Криминалците на располагање имале само еден час, колку што трае посетата.

Знаеле кој пат води од дворот до просториите за посета, а тоа е единственото место каде хеликоптерот можел безбедно да слета. Вратите од собата за посети се отвориле со помош на брусилица.

Хеликоптерот со тешко вооружените мажи слетал во дворот и за неколку минути одлетал со осуденикот. Хеликоптерот подоцна бил пронајден запален на една полјана, а француските медиуми наведуваат дека тројца претходно земале еден пилот како заложник и подоцна го ослободиле.

Се верува дека Фаид побегнал со камион на една услужна компанија. Францускиот премиер Едуард Филип рекол дека 2900 полицајци учествуваат во потерата по криминалецот.

Брахим Фаид на полицијата и рекол дека нема поим дека неговиот брат планирал бегство. Брахим бил пуштен од притвор по 48 часа, бидејќи немало докази кои велат дека бил вмешан во овој случај!

Leave a comment

error: Content is protected !!