Во денешно време тешко е да се најде пријател. Особено верен, кој ќе ти се најде и во добро и лошо.
Овој млад дечко е слеп и глув, но сепак ужива во магијата на фудбалот, благодарение на неговиот пријател интерпретатор. Тој користи посебен микс од знаковен јазик и допири за на својот другар да му ја пренесе атмосферата од фудбалскиот натпревар.
Фанот на Бразил бил роден глув, а за да трагедијата биде поголема на 17годишна возраст го изгубил и видот поради состојба наречена Ашер Синдром.
Но, тоа не го спречило и понатаму да следи фудбал. Карлос Џуниор од Сао Паоло, со помош на својот другар успева да ја забележи секоја емоција и секој гол кој го дава бразилската репрезентација.
Нивното пријателство навистина ги трогна сите фудбалски фанови низ светот: