Познатата манекенка Криси Тајген, откако по втор пат стана мајка, не престанува да се шегува на своја сметка.
Криси неодамна го родила својот син Мајлс и речиси секојдневно со обожавателите ги споделува сите магии на мајчинството и животот по пораѓањето.
Help pic.twitter.com/RULEv1P8CJ
— christine teigen (@chrissyteigen) June 10, 2018
Сега без воопшто срам покажала како изгледаат градите на мајка која дои.
Нејзините постови се без влакна на јазикот, а последниот предизвикал бурни реакции на социјалните мрежи.
“Погледнете ги вените кои му се преплетуваат по градите полни со млеко. Што е ова?”, прашала Криси во снимката која ја објавила.
Непосредно пред тоа, само четири дена по породувањето, објавила фотографија од себе во еднократни, мрежести гаќички и гордо го покажала тоа што останало од нејзиниот стомак.