Ги оставил сите без зборови! Владимир излегол од болница со нож во грбот, за да “оди на цигара”

Шокантното видео се појавило на интернет, а наводно настанало во итната служба на Централната болница во Зеленодољск во руската република Татарстан.

Мажот е познат само како Владимир, облечен е во црна долна облека, а бил снимен како се обидува да излезе од болницата за пред вратата да запали цигара.

На снимката, човекот со крвав грб, во кој има нож, оди по ходникот на болницата. На прашањата на медицинскиот персонал, каде оди, тој мирно одговара – “Да пушам”.

“На пациентот му е пружена сета потребна дијагностика и тераписка помош, вклучувајќи и операција. Во овој момент, неговата состојба се оценува како стабилна”, пишуваат тамошните медиуми, повикувајќи се на прес службата на Министерството за здравство на Република Татарстан.

Засега не е познато како и зошто ножот завршил во неговиот грб.

Leave a comment

error: Content is protected !!