Германија бара рекорден број на работници: Најмногу слободни места има во овие професии

Побарувачката на компаниите за нови работници во Германија достигнала рекордно ниво во јули, а најголема побарувачка е забележана во секторот на информативно-комуникационите технологии, се наведува во извештајот на Сојузниот завод за вработување.

Индексот на слободни работни места составен од FEA во јули пораснал за два бода, на 256, што е највисоко ниво на тој показател од неговото воведување во 2005. година.

Таа владина агенција истакнала во извештајот објавен во понеделник и дека бројот на слободни работни места е претежно во економскиот сектор.

Најголема побарувачка за нови работници е забележана во секторот за информативно-комуникациски технологии.

Секторите за малопродажба, индустриското производство и јавната управа исто така забележале голем годишен раст на слободни работни места.

FEA рекордната побарувачка за работници во Германија ја припишала на долготрајната економска благосостојба во земјата.

Иако неколку институти ги намалиле своите проценки за раст на економијата во 2018. година, силниот раст и натаму се прелива во подобрени изгледи за вработување.

Покрај тоа, ниските нивоа на невработеност значат дека работниците моментално се чувствуваат сигурни да ги менуваат работните места.

Владината агенција во понеделникот го повторила предупредувањето дека некои економски сектори, како здравство и социјална политика, се соочуваат со сериозен недостиг на квалификувана работна сила.

Таквата околност се одразила во рекорден индекс на конкурсите за вработување кои останале непополнети во текот на понатамошниот временски период.

FEA во вторник би требало да ги објави официјалните податоци за невработеност за јули.

Невработеноста традиционално расте во текот на летните месеци, како последица од одење на годишни одмори.

Во текот на јуни, службениците на пазарот за работа забележале најмал број на регистрирани невработени жители на Германија од почетокот на националните мерења во 1990. година.

Leave a comment

error: Content is protected !!