Газдата на Тв Сонце, независен кандидат за претседател на Македонија?

Од неодамна се шушка дека газдата на телевизијата „Сонце“ сака да се кандидира за иден претседател на Република Македонија.

Бизнисменот Џорџ Атанасовски кој живее и работи во Америка и важи за еден од најбогатите Македонци во дијаспората, наводно одамна имал афинитети за да стане претседател на државата. Некако тоа се примети и на неговата телевизија во последниве неколку месеци, бидејќи неговиот лик барем еднаш во денот се појавуваше на тв „Сонце“.

Дали неговото постојано појавување на сопствената телевизија треба да го сфатиме како предизборна кампања и најава дека Џорџ ќе се кандидира за претседател?

Можеби сите претпоставки ќе паднеа во вода, доколку водителот Јанко во емисијата „Јади Бурек“ јавно не го праша Христијан Мицковски дали би го кандидирале Џорџ Атанасовски за претседател, кандидат на партијата Вмро Дпмне. Понатаму Јанко продолжи да го фали дека е голем бизнисмен и врти милиони и дека тој би можел да биде македонски пандан на Доналд Трамп.

Ѓорѓи Џорџ Атанасовски има 66 години, а неговите пријатели го нарекуваат „Големиот Џорџ“. Тој живее во Флорида и еден од најголемите бранители на македонското име. Џорџ има и свој веб сајт каде со многу пофални зборови е напишана неговата биографија.

Дали навистина ќе се кандидира за претседател, останува да видиме, но каде што има чад има и оган.

Leave a comment

error: Content is protected !!