Гасете интернет: Fortnite streamer е најпопуларниот спортист на светот

Најголемиот  Fortnite streamer сега и официјално е поголем од било кој спортист, барем кога се во прашање социјалните мрежи.

Tyler Ninja Blevins е многу популарен. Астрономски популарен. Дечкото само во изминатиот месец го престигна фудбалерот Меси во популарност, а набрзо се најде на првото место на листата на сите спортисти, веднаш над Кристијано Роналдо, Шекил Онил и Серхио Рамос. Бројките се добиени од минатомесечените податоци, се заосновани на интеракциите на социјалните мрежи.

Рекордите за овој млад играч не се никаква новост. Неговите редовни Fortnite стримови, привлекуваат стотини илјади гледачи на Twitch,  а понекогаш игра и со Дрејк. Канадскиот рапер планира Fortnite песна, ако девелоперите  „уфрлат“ Hotline Bling емотикони во Fortnite. Моменталниот рекорд му е пола милион гледачи, кога учествуваше на големиот Fortnite турнир.

Leave a comment

error: Content is protected !!