Гаро Тавитијан свиреше на велосипед наместо на тапани (видео)

Гаро Тавитијан е легенда на македонската музичка сцена, еден од нашите најталентирани музичари, но и светски амбасадори.

Легендарниот Гаро на улица се сретна со својот колега, тапаранот Чико и заедно решија на минувачите да им приредат несекојдневна свирка. Наместо тапани, за овој перформанс ги употребија своите велосипеди на кои најчесто може да се видат по скопските улици.

Сите оние кои го видоа „настапот“ на Гаро и Чико искоментираа дека нивниот перформанс е врв на генијалноста, но и нешто што би можело да стане вирално.

Гаро Тавитијан уште еднаш докажа дека несомнено е најдобриот македонски тапанар кој некогаш сме го имале, но и неговиот колега Чико е навистина одличен. Погледнете како звучи кога ќе се спојат два големи креативни умови:

 

Leave a comment

error: Content is protected !!