Гал Гадот виновна за победата на Израел на Евровизија?

Познатата актерка Гал Гадот, која ја толкува улогата на хероината „Wonder Woman”, беше најголем поддржувач на израелската преставничка Нета на овогодинешната Евровизија.

Филмската ѕвезда од самиот старт ја даде својата поддршка за слатката Нета и нејзината победничка песна „Toy”. Во стиховите има еден дел каде што пејачката пее „Wonder woman don’t you ever regret”, а ова како и патриотската жичка беа доволни, славната актерка Гал Гадот да помогне на својата родна земја да победи на Евровизија.

View this post on Instagram

Vote for Netta!! #eurovision2018

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) on

Инстаграм, Фејсбук и Твитер беа мрежите каде што Гадот постојано постираше статуси и слики за поддршка на својата сонародничка. Неколку часа пред победата, Гал ги замоли сите свои фанови да гласаат за Нета.  Изгледа дека фановите ја послушаа и масовно гласаа за заразната песна.

Откако симпатичната Израелка беше крунисана за победник, „Wonder woman” веднаш својата радост ја сподели на Инстаграм:

Сега сите се прашуваат, дали во 2019 година, Гал Гадот ќе биде водителка на Евровизија? Судејќи според нејзината љубов кон Евровизија, ова е и повеќе од сигурно.

Leave a comment

error: Content is protected !!