Гајба пиво паднала на воз и целосно го уништила: 8 мртви во железничката несреќа во Данска

Во железничката несреќа во Данска загинале 8 лица, изјавил портпаролот на данската полиција.

Несреќата се случила вчера, а загинале пет жени и тројца мажи. Жртвите се уште не се идентификувани.

До железничката несреќа дошло поради пакети со пиво кои испаднале од товарен воз, кој минувал покрај патнички воз од спротивната насока, па пакетите удриле во патничкиот воз.

Мостот Сторебелт, на кој се случила несреќата, ги поврзува островите Зеланд и Фин, а поради несреќата бил затворен.

Leave a comment

error: Content is protected !!