Фросина Ременски ја покажа хуманоста и ги повика сите колеги да донираат за Тео

Тео Богоевски е млад дечко, полн со живот и секогаш позитивен.

Пред неколку години останал инвалид од вратот надолу, поради несреќа при пад во вода во Охрид. Тео, 10 години е во количка, а поминал низ многу рехабилитации за да проба да прооди, но за жал неуспешно. Движењето низ Скопје му е отежнато, поради несоодветните високи тротоари и неможноста да се движат луѓето со хендикеп.

Потребна му е нова електрична количка која чини 18 000 евра, за да може да има самостојно движење и да функционира без помош на семејството и пријателите. За да се соберат сите средства, утре ( среда 06.06), во АТК кафулето кај салата Борис Трајковски и хотелот Александар Палас се организира хуманитарна забава на која ќе настапат неколку музички имиња и комичари.

Од политичарите, прва и единствена која го поддржа Тео и вети дека ќе донира е пратеничката Фросина Ременски. Таа ги повика колегите платата да ја донираат за ова храбро момче и да му озвозможат побрзо да дојде до новата количка.

 

На денот на хуманитарната забава, Тео Богоевски го прославува и својот роденден. Дојдете заедно да му го разубавиме со тоа што ќе ги собереме потребните 7000 евра до сумата од 18 000, за да може да ја купи долгоочекуваната електрична количка која навистина му е многу потребна.

https://www.facebook.com/sitezateo/?hc_ref=ARQQByml2L7DEikrjVxIDvlt0PlN0ficv1NfxbJxBCaFB6mkqsJu2oCdjA-QES8OYbU&fref=nf

Leave a comment

error: Content is protected !!