Фотографија од уапсен крадец станала вистински хит на интернет: Никој не може да поверува колку години има

Полициската фотографија од човек уапсен поради кражба на автомобили предизвикала чудење на интернет, бидејќи луѓето не можат да веруваат колку години има осомничениот.

Мурад Мансурович Курбанов бил уапсен во вторникот за кражба на изнајмено возило, бегање од полиција и неодговорно возење.

Полицијата ја споделила приказната на својот профил на Фејсбук, а фотографијата веднаш станала хит. Бидејќи, Курбанов има само 19 години!

“А каде е 19-годишниот крадец? Јас тука гледам 40-годишник”, прокоментирал еден корисник на Фејсбук.

“Ако овој има 19, јас имам 12 години”, додал друг.

Фотографијата ја коментирале повеќе од илјада луѓе, а повеќето реакции се однесуваат на изгледот на крадецот.

Leave a comment

error: Content is protected !!