Утринава, во препладневните часови, Скопје го погоди кратко, но големо невреме кое уништи многу автомобили, дрвја и објекти, а улиците наликуваа на реки.
Улиците беа поплавени бидејќи со години се гради, а ретко се поставува атмосферска канализација. Возачите низ Скопје мака мачеа да се пробијат низ улиците кои изгледаа како реки, а паркираните автомобили беа „жртви“ на силниот ветер и паднатите дрва.
Веднаш откако малку се смири невремето, службите на градот Скопје, како и „Улици и патишта“ и ЈП „Водовод“ ги исчистија улиците и санираа дел од штетите, како и поплавените места. Некои општини објавија и апел за пријавување на штети, за побрзо да се реши проблемот.
Еве како изгледаше невремето низ фото објективите на скопјани: