Ферус Мустафов во култната серија „Симпсонови“?

Нашата музичка легенда и крал на саксофонот, Ферус Мустафов неверојатно потсеќа на саксофонистот кој со години се појавува во цртаната серија „Симпсонови“.

Ферус е махер на саксофон, а исто така и неговото „алтер его“ Bleeding Gums Murphy, кој беше дел од неколку епизоди во „Симпсонови“. Блуз свирачот на саксофон беше омилен на средното дете, Лиза Симпсон, а на тв екраните ја видовме и неговата телевизиска смрт.

r

Многу фанови на оваа серија, коментираат дека инспирација за Bleeding Gums Murphy бил токму нашиот Ферус, затоа што постои огромна сличност помеѓу цртаниот лик и кралот Мустафов.

Погледнете и самите одлучете, дали авторите на „Симпсонови“ навистина се инспирирале од Ферус или пак големата сличност е само коинциденција. Едно е сигурно, Ферус навистина има цртан двојник.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!