Ferrari 488 Pista: Зошто ќе се заљубите во новите “ѕверови” од Италија?

Само 711 коњски сили. Врти еден круг на патеката во Фиорано за 21,5 секунди. Тоа е за 8 секунди побрзо од “F40”, 2 секунди побрзо од 458 Spider и 488 GTB, а само 1,8 секунди побавно од  LaFerrari.

Овој автомобил е тестиран во зима. Сега се чека летото. Автомобилот од 0 до 100 km/h развива за 2.85 секунди, и полесен е од 488 GTB за дури 90 килограми.

Вистина е дека уште го гледаме само тест-примерокот во зебресто издание, но цртите откриваат дека станува збор за вистински тркачки ѕвер. Овој автомобил има многу подобрувања, како нови спојлери, замена на некои материјали со титан за се да биде полесно, а со тоа добил и на брзина. Новиот издувен состав е изграден од материјал наречен “Inconel”, каков што имаат и болидите на Ferrari во F1. Поради материјалот кој дава подобар звук, намалена е и изолацијата меѓу издувниот систем и моторот и кабината. Поради овие промени, и самиот мотор е полесен за 18 килограми.

Промени има и на системот за сопирање. Дисковите се исти како и на GTB, но серво-системот е нов, па ќе реагира малку подобро кога ќе се притисне сопирачката. Истовремено, новите спојлери ќе праќаат повеќе воздух кон дисковите, па тие помалку ќе се загреваат при кочење.

Останува само да уживате во фотографиите од Фиорано.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!