Феномен: Сама на себе си е близначка

Уште од кога била мало девојче, Тејлор Мал сакала да има сестра близначка. Таа често ја прашувала мајка си дали постои сестра за која не знае. Станала опседната со имитирање на своите најдобри другарки- од нивното однесување, па се до облекувањето. Години подоцна, Тејлор открила дека таа желба веќе и се исполнила.

Пејачката и модел од Лос Анџелес, прв пат приметила дека се разликува од своите врснички кога како дете отишла во школа за танцување. Видела како таму изгледаат сите девојки и сфатила дека единствено нејзината десна и лева половина на стомакот се со различна боја. После години борба со автоимуни болести, еден доктор ја пронашол причината за нејзината единственост и уникатност.

Дијагнозата била дека Тејлор боледува од кимеризам– ретко пореметување при кое личноста има и туѓа ДНК во своите ќелии, во нејзиниот случај, тоа било идентична близначка која ја апсорбирала додека биле во стомакот на мајката.

„Бев шокирана кога ја дознав вистината“- објасни Тејлор во интервјуто за магазинот People, околу тоа каква била нејзината прва реакција кога и била соопштена дијагнозата пред осум години. На тоа додала: „Набрзо потоа почуствував тага поради фактот дека можев да имам сестра близначка со која ќе бидам блиска, а сега ја немам“.

Тејлор се споила со својата сестра додека уште биле во мајчиниот стомак, а поради тоа што нејзината мајка не одела на прегледи со ултразвук, за ова не знаеле со години. Може да се каже дека Тејлор дефакто поседува два имуни системи кои константно се во борба еден со друг.

И покрај тоа што се бори со тежок медицински проблем, Тејлор води здрав и активен живот и длабоко е посветена на својата музичка кариера. Порано ги криела знаците од својата состојба од јавноста, бидејќи се плашела дека ќе влијае на нејзината шанса да се прослави. Сепак, таа реши да биде искрена со своите фанови и вели дека од тој момент се чувстува послободна од било кога.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!