Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ почина денес во 5 часот во 71-та година од животот во КБЦ Сплит.
Фамилијата на прочуениот музичар е неутешна поради загубата. Позади себе, Оливер ја остави ожалостената сопруга Весна со која беше 44 години во брак, синот Дино (42) и близнаците Дамир и Давор (39).
Весна денеска не била способна да разговара. Кога и се јавиле новинарите, на нејзиниот телефон кренал синот Дино.
„Тешко е. Пробавме се. Професорот Врдољак кој го водеше лечењето на Оливер е најдобар во Европа, но болеста беше посилна. Им се заблагодаруваме на сите во болницата. Тие луѓе работат тешка работа“- изјави Дино Драгојевиќ.
Оливер во сплитската болница беше последните месец дена. Семејството постојано било со него.
„Стануваше се полошо и на крајот само заспа. Не беше во болки, ниту во агонија, ниту пак се мачеше“- додава синот на пејачот.
Погребот ќе биде во Вела бидејќи тоа било негова желба отсекогаш, а ќе има испраќање и во Сплит.