Нема финале за Македонија:Eye Cue со технички проблеми на последната проба пред настапот на Евровизија

Македонските преставници Ај Кју денеска ја имаа последната проба  во Лисабон. Вечерва тие ќе настапат пред стручните жирија од цела Европа кои потоа ќе гласаат и ќе ги распределат бодовите за 19 земји од првото полуфинале на Евровизија.

Пробата беше од затворен карактер, но новинарите присутни во прес центарот можеа да ја следат и од македонскиот настап заклучија дека се случија многу проблеми од техничка природа, проблеми со камерите и кадрите, како и со вокалите на Марија, Бојан и трите придружни вокали.  Нивното мислење е дека навистина после денешната проба ги загубивме сите шанси за финале, бидејќи ова е еден од полошите настапи на Македонија на Евровизија во последните неколку години.

Сето ова имавме прилика да го чуеме на неколку live stream емитувања на Јутјуб, каде што новинарите во живо ги коментираа настапите на сите 19 изведувачи кои утре ќе имаме можност да ги чуеме во живо.

Иако екипата од МТВ, заедно со Ај Кју и продуцентот Дарко Димитров имаа одлична замисла за настапот, сепак изгледа дека до крај не успеаа да ја реализираат. За фаворити од нашето прво полуфинале се сметаат Израел, Кипар, Естонија, Чешка, Бугарија и Грција.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!