Европратениците гласаа против уништување на интернетот, мемињата ќе останат, но дали за долго?

Европскиот парламент денес со мнозинство гласови го спречил предлогот за Новата уредба за авторски права, која довела до значајни компликации на интернетот. Жестоката јавна кампања очигледно вродила со плод, па против новата верзија на контроверзната уредба гласале 318 европратеници, за неа биле 278, а воздржани биле 31.

Европскиот парламент гласал за тоа дали се дозволува со постоечкиот текст на Уредбата за авторски права на Одборот за правни прашања, да се влезе во меѓуинституционалните преговори со Европското собрание и Европската комисија.

Критичарите на новата верзија на Уредбата за авторски права – меѓу кои е и известувачот на ОН за слободни истражувања, Дејвид Кеј, кој во Европската комисија пратил и службено протестно писмо – сметаат дека оваа директива би можела сериозно да ја загрози слободата на говорот на интернет, би ги укинала популарните “мемиња”, би го сопрела развојот на дигиталните технологии во Европската унија, значајно би го отежнала работењето во помалите компании и би го закомпликувала животот на корисниците на интернет.

На есен нова рунда расправи, дотогаш следи продолжување на жестоко лобирање

Во неа речиси цела одговорност за заштита на авторските права се префрла на интернет компаниите кои “би морале да преземат мерки кои ќе обезбедат почитување на договорите постигнати со сопствениците на авторските права за нивните дела”.

Најмногу се критикува членот 13, кој одговорноста за контролата на користење на авторската содржина во целост ја префрла на поединечни интернет страни, воведувајќи притоа идеја за автоматски филтер на содржините и кој дефакто би забранил користење на популарните мемиња како “Grumpy Cat”, но и цитати од Википедија и расни други работи кои се вообичаен и зачестен дел од интернет комуникацијата. Проблематичен е и членот 11, со кој дефакто би се создал данок на линкови.

Во секој случај, денешното гласање во Европскиот парламент значи дека европратениците на еден повторно ќе мораат да се позанимаваат на оваа тема. Уредбата не е трајно отфрлена, но е закочена, па сега следи нова рунда лобирање и измена на текстот на Уредбата за авторски права. Дополнителен проблем е нејзиниот непрецизен јазик, односно дека одредени формулации може да се протолкуваат на разни начини.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!