Еве колку навистина треба да трае годишниот одмор за вистински да се одморите

Кога планирате одмор, една од главните точки кои треба да ги разгледате е колку долго ќе бидете на одмор. Дали ќе одите на викенд, цела недела, или можеби на подолго? Според научните истражувања, објавени во списанието “Истражувања за среќата”, постои совршена должина за одмор кој има максимално благотворен ефект на вашето здравје.

Истражувачите од Универзитетот “Radboud” во Нејмеген, во Холандија, се обиделе да ги истражат ефектите и влијанието на должината на одморот на здравјето и доброто на човекот. Па, која е идеалното траење на одморот?

Научниците велат дека одморот треба да трае подолго од осум дена. Меѓутоа, постои интересна точка за зачестеноста на нашите одмори. Еве зошто…

Во истражувањето учествувале 54 учесници, кои имале просечна старост од 42,5 години и сите биле вработени. Ова истражување се фокусирало на подолг одмор, во распон од 15 до 34 дена, со просек од 23 дена. Научниците ги прегледале психолошките процеси кои се поврзани со долгото отсуство од работа и со тоа како учесниците во експериментот се чувствувале во текот и по одморот.

Учесниците пред, три или четири пати во текот и пат пати по одморот, го оцениле своето здравје и благосостојба, на основа на шест фактори: здравствена состојба, замор, задоволство, расположение, тензија и ниво на енергија.

Резултати:

Во експериментот било утврдено дека здравјето и благосостојбата брзо се зголемуваат во текот на одморот, а дека осмиот ден се достигнува врвот. Меѓутоа, во рок од една недела од враќањето на работа, здравјето и благосостојбата се вратиле на почетното ниво.

Во заклучокот, авторите на истражувањето напишале: “Здравјето и благосостојбата се подобрени во текот на долгите летни одмори, но овој позитивен ефект е краткотраен. Искуствата од одморот, посебно задоволството, релаксирањето и контролата, изгледа дека се посебно важни за силата на луѓето”.

Колку долго тогаш треба да трае одморот?

Според авторите на истражувањето, “тоа придонесува за разбирањето на долорочното закрепнување. Честите одмори може да бидат важни за зачувување на здравјето и благосостојбата”. Заклучокот на истражувањето е дека должината на одморот не влијае на здравјето, туку тоа колку често одите на одмор.

Ако сакате да извлечете максимум од вашиот одмор и навистина да се почувствувате релаксирано и подмладено, обидете се да направите одмор подолг од осум дена и исполнете го своето време со пријатни активности за да ги подобрите вашето здравје и благосостојба.

happy family with two kids hands up on tropical beach

Leave a comment

error: Content is protected !!