Еве како Груевски добил азил во Унгарија

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто рекол дека азилот за поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, е одобрен од страна на независни власти и дека затоа не може да ја коментира содржината на досието за поранешниот македонски премиер, пренесува “МИА”.

На прашањето зошто неговата држава му дала азил на пореншниот македонски премиер, осуден за корупција, а дека тој самиот не поднел барање за азил како и сите други баратели на азил на унгарската граница, Сијарто рекол дека во Унгарија барањата за азил ги обработуваат независни власти, и дека тој не може да ја коментира содржината на досието за Груевски.

“Овие власти одлучиле да му овозможат на Груевски да поднесе барање во центарот на Будимпешта од безбедносни причини, бидејќи тој бил премиер 10 години. Јас сметам дека тоа е нормално”, вели унгарскиот министер за надворешни работи.

Коментирајќи зошто унгарските служби го пренесувале Груевски до Будимпешта со дипломатски возила, Сијарто објаснил дека Груевски се претставил во амбасадата во Тирана и дека тие го носеле до Будимпешта, и тоа “повторно, поради безбедносни причини”.

Leave a comment

error: Content is protected !!