Пречестите дождови и тропските горештини ни донесоа многу комарци- Еве како да се заштитите!

Се апелира граѓаните пред се индивидуално да се заштитат.

Моменталните временски услови во кои се менуваат големи количини на дожд и високи температури се најпогодни за зголемен развој на единки комарци, така да се препорачуваат низа индивидуални мерки на граѓаните кои може да бидат ефикасни во одбрана од комарците.

Граѓаните индивидуално би можеле да се заштитат со уредување на запуштените зелени површини, со поставување на мрежички на септичките јами, но и со чистење на каналите од отпадоци. Се советува да не се прават вирчиња околу чешмите во дворовите, да се фрлат старите автомобилски гуми, конзерви, тегли, тацни и сите останати предмети во кои може да се задржува вода.

Добра заштита од комарците е и често менување на водата во саксиите, бурињата или кантите, поставување на заштитни мрежи против комарци на прозорците и околу креветите, употреба на електрични апарати кои испуштаат средство против комарци во затворен простор, но и употреба на препарати против комарци на откриените делови од телото при престој во природа и тоа оние кои содржат растителни состојки- лаванда и рузмарин.

Се препорачува и носење на лесна удобна облека со долги ракави, која ги покрива рацете и нозете, како и престој во климатизирани простории бидејќи во вакви услови бројот на инсекти е значајно намален.

Leave a comment

error: Content is protected !!