ЕУ изгласала цензура на интернетот: Нема повеќе споделување, “копи-пејст”, а воведуваат и данок на линкови

Одборот на Европскиот парламент изгласал нов закон за авторски права, кој би можел да го уништи интернетот каков што го познаваме.

Најспорните делови од реформите за авторските права се членовите 11 и 13. Иако многумина, дури и членовите на Европскиот парламент, се противеле на тие членови, тие сепак биле изгласани.

Членот 11 се занимава со “помошни авторски права” и таканаречен “данок на линкови”, што значи дека било која страна која објавува исечоци со новинарска содржина он-лајн, мора прво да добие лиценца од издавачот, се до 20 години по објавата на оригиналната содржина. Тоа се однесува на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Редит, кои со линковите објавуваат и “тамбнејлови” со фотографии, но и други страни како веб-агрегатори на вести, апликации за вести или “факт-чекинг” страници.

Членот 13 кој одговорноста за контрола на користење на авторски содржини во целост ја префрла на некои интернет страници, воведувајќи притоа идеја за автоматски филтер на содржини кој де-факто би забранил користење на популарни мимови, но и цитати од Википедија и разни други работи кои се вообичаен и чест дел од интернет комуникацијата.

Членот 13 не предвидува правни санкции за проблемите кои може да настанат поради грешките со автоматските филтери, поради што се поставува прашањето како ќе се решаваат постапките со погрешни отстранувања на содржини од интернетот.

Оваа одлука не значи ни дека автоматски се е готово и дека новиот закон ќе стапи на сила. Таа всушност го потврдува ставот на Европскиот парламент за реформата на авторските права пред влегувањето во завршната фаза во законодавен процес. Но, пред тоа противниците можат да бараат да се одржи пленарна седница на парламентот на која сите 751 парламентарци би гласале за законот. Веќе е почната кампања за одржување на таа пленарна седмица.

Како ќе заврши ова засега не е познато, но противниците на тој закон ги повикуваат граѓаните да се обрат на парламентарците во своите земји да ги натераат да го слушнат нивниот глас.

Leave a comment

error: Content is protected !!