Епидемија на полови болести дивее низ Европа: Ако патувате во овие земји, итно носете кондоми

За сите граѓани кои патуваат во Франција, е објавено предупредување со себе да понесат кондоми за тоа патување.

Имено, во оваа земја е зголемена стапката на заболени од полови болести, пред се хламидија и гонореја.

Од 2012. година, според официјалните податоци, бројот на заболени од полови болести пораснал за три пати.

Во очајничкиот обид да се сопре ширењето на хламидија и гонореја, француските службеници започнале кампања за поттикнување на употребата на кондоми.

Не само тие, туку и здравствените службеници во Холандија, која се граничи со Франција, ги предупредиле патниците да користат кондоми.

Податоците од јавното здравје во Франција покажуваат дека 267.097 лица биле инфицирани од хламидија во 2016. година, додека во 2012. година биле забележани 76.918 случаи – што претставува скок од 247 проценти за само четири години.

Исто така забележан е поголем број на заболени од гонореја, со приближно 50.000 случаи во 2016. година, а во 15.000 во 2012. година.

Бројките, објавени на почетокот на оваа недела, го поттикнале јавниот здравствен систем на Франција да започне кампања за промовирање на користењето на кондоми со име – “Кондомот може да ви го спаси животот”.

Leave a comment

error: Content is protected !!