Доколку сте од оние луѓе кои секогаш брзаат некаде или пак не можат да си дозволат да возат велосипед поради тоа што ќе се испотат, тогаш вистинско решение за вас е електричен тротинет.
Наместо да трошите пари за бензин и да заглавите во сообраќаен метеж, може да се качите на вашиот тротинет и за кратко време да стигнете на саканата дестинација. Тротинетот, слично како и мобилниот телефон има полнач, кој ќе го приклучите дома околу два до три часа, а потоа можете цел ден безгрижно да се возите каде и да посакате.
Најголемата брзина која ја достигнуваат овие тротинети е околу 40 км/ч, а можат да носат тежина до 100 килограми. Во Скопје, овие тротинети може да се купат по цени од 600 до 1000 евра, но доволно е да тркнете до соседна Бугарија ( поточно Софија) и да си купите електро тротинет за 250-300 евра.
Реприза.Мк предлог: Резервирајте си карта за шопинг турите до Софија кои ги нудат нашите туристички агенции по цена од 500 денари. Се патува во сабота наутро, а се враќате вечерта. Ем ќе прошетате, ем ќе купите речиси трипати поевтин тротинет, а секако неизбежно ќе се почастите и во Мекдоналдс.