Експертите предупредуваат: Новата економска криза ќе биде полоша од претходната и ќе не уништи

Најголемите светски економии се наоѓаат на тенок мраз, поради што немаат можност за воведување на фискални, монетарни и итни мерки за борба против новата глобална криза, која ќе биде полоша и ќе трае подолго од таа која во 2008. година ја потресе планетата.

Должничко ропство

Економистот Питер Шиф вели дека новата криза, за разлика од претходната, која избила поради хипотекарски долгови, доларите и златото, ќе се карактеризира пред се на должничкото ропство во САд.

“Националниот долг ќе биде појдовна точка, епицентар на кризата, а доларот ќе се урне, цената на златото ќе порасне, потрошувачките цени ќе пораснат, предупредил тој.

Покрај тоа, новата економска криза, која овој пат ќе тргне од САД, предупредуваат светски економски експерти, ќе ја потресе и либералната демократија, што би можело да доведе до крах на светскиот поредок кој го познаваме.

Волстрит крвари

Мартин Фелдстајн, претседател на Американското национално биро за економски истражувања, предупредува дека Америка како водечка економска сила повеќе нема можност да ги контролира несаканите економски текови.

Кога коцките ќе се поклопат, малку ќе може да се направи, тврдат експертите. Финансиските стимуланси ќе бидат невозможни поради огромниот јавен долг кој оптоварува големо мнозинство од земјите во светот. Спасувањето на финансискиот сектор ќе биде практично невозможно во држави каде на власт се популисти. Во повеќето земји на ЕУ, на власт се популистички политичари, поради што речиси е сопрено реформрањето на финансискиот систем, за Брисел да има централна улога во носењето на одлуките неопходни за пресметка на финансиската криза.

“На праг сме на нова рецесија и кога таа ќе дојде, ќе биде подлабока и ќе трае многу подолго отколку тие во минатото. Немаме стратегија тоа да го спречиме. Новата криза ќе биде полоша од големата депресија во 19. век и од таа во 30-тите години од 20. век. Веќе десет години каматите се на многу ниско ново и монетарната стимулација на Федералните резерви го натера Вол Стрит да крвари од носот, што ќе донесе до пад на вредноста на акциите. Фискалниот дефицит во Америка е веќе трилиони долари, што е двојно повеќе отколку пред десет години”, реол Фелдстајн.

Ефект Трамп

Нуријел Рубини, професор по економија во Бизнис училиштето Стерн и на Њујоршкиот универзитет, кој ја предвидел минатата економска криза, вели дека новата ќе започне најдоцна до 2020. година, наведувајќи десет причини за нејзиното доаѓање. Меѓу најважните причини за новата рецесија, тој меѓу другото, го навел преголемиот долг на САД и трговската војна на претседателот Доналд Трамп со Кина, Мексико, ЕУ и Канада.

Да не се повтори 2008.година

– Напумпани цени на недвижнини и преголеми вложување во несолвентни долгови биле причина за почеток на кризата.

– Тоа било криза поголема од Големата депресија која во 30-тите години од минатиот век ги погоди САД.

– Кризата довела до пропаст на “Лејман Брадерс”, четврта најголема банка во САД.

– Дури 1,3 милиони Американци ги изгубиле своите домови поради неможноста да ги отплаќаат кредитите.

– Се проценува дека оваа криза чинела дури 15 трилиони долари.

Leave a comment

error: Content is protected !!