Египет гради нов главен град

Изгледа дека Египет гради „нов главен град“и тоа во пустина.

Низ Каиро веќе се поставени билборди на кои се ветува нов начин на живот во новата престолнина. Се рекламираат стамбени комплекси под имиња „Regent’s Park”, „Beta Greens” и „Uptown” кои ветуваат зеленило на сите страни и отворени простории.

Новиот град ќе се наоѓа на 35 километри од Каиро, а идејата е граѓаните да побегнат од загадениот Каиро и големата гужва. Алтернативниот град ќе се протега на 700 км2, речиси колку Сингапур, а во него ќе живеат 5 милиони луѓе. Планот прикажува пространи високи згради, како и „владин дистриктЌ, сметстен околу централната зелена река- комбинација од вода и засадено зеленило со големина колку два Централ паркови во Њујорк.

Поголемиот дел од зградите на владата, вклучувајќи и ја претседателската, би требало да се преселат таму во јуни 2019 година. Планирана е селидба и на странските амбасадите како и на бизнис дистриктот.

Leave a comment

error: Content is protected !!