Нашата најубава кошаркарка, воедно и фитнес шампион на Македонија, Едина Муса реши да го прослави својот роденден на необичен начин.
Заедно со нејзиното момче Сергеј, се најдоа во улога на Зоо негователи во скопската Зоолошка и се дружеа со жирафите и лемурите.
Од таму, згодната роденденка порача дека е штетно животните да се хранат со смоки, чипс и пуканки. Едина ги опоменуваше посетителите да се воздржат од вознемирување на животните и се приклучи кон кампањата „За здрави и среќни животни“
Од Зоолошката градина Скопје си замина со ветување дека повторно ќе дојде да помогне во едуцирање на посетителите и се заблагодари за преубаво поминатиот 27-ми роденден.