Ѕверот пристигна! Флоренс беснее во Америка: Олујата на сите олуји во жесток поход на истокот на САД и поопасна е предвиденото

Силните удари на ветер и силната олуја беснеат на источниот брег на САД, а ураганот Флоренс се приближува и се заканува со обилни врнежи од дожд и нагло растење на висината на Атлантскиот океан до дури 4 метри, што би можело да предизвика катастрофални поплави.

“Целосно сме подготвени ураганот Флоренс да стане уште посилен. Бидете внимателни”, предупредил на Твитер претседателот Доналд Трамп.

Силата на ураганот вечерта во средата била намалена на втора категорија на Сафир-Симпсоновата табела од пет категории. Флоренс во 17.00 часот по средноевропско време била на 230 километри оддалечена од Вилмингтон, на брегот на Северна Каролина, проследена со ветер од 165 km\h, соопштил Националниот центар за урагани.

Ураганот го забавил своето напредување на 17 km/h, што го прави уште поопасен кога ќе дојде до копно, бидејќи ќе донесе обилни дождови кои долго ќе паѓаат на истото подрачје и ќе ја зголемат опасноста од поплави.

 

Срцето на ураганот на брегот ќе дојде во петок попладне или во сабота наутро, наведува Американската агенција за океани и атмосфера. Силните дождови и ветерот веќе почнале. Илјадници куќи веќе останале без струја, а во Северна Каролина водата влегува во домовите. Луѓето се во засолништа, а градовите се пусти.

Флоренс им се заканува на милиони жители на бреговите на Северна и Јужна Каролина, но и во внатрешноста, бидејќи би можело да дојде до пораст на нивото на океаните за 4 метри и метар по дожд на квадрат.

“Немојте да бидете помалку внимателни само затоа што брзината на ветерот е помала”, предупредил Брок Лонг, директор на Сојузната агенција за вонредни ситуации. Околу 1,7 милиони луѓе морале да одат во засолништа далеку од брегот на Јужна Каролина, Северна Каролина и Вирџинија. Тие три сојузни држави на атлантскиот брег се најзагрозени, но и Џорџија во средата прогласила вонредна состојба.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!