Ѕверот на “Тесла” собори Гинисов рекорд: Електричен автомобил 300 метри влече авион!

Моделот “X Suv” на Тесла толку е моќен што станал светски рекордер и според Гинисовата книга на рекорди.

Тесла во вторникот објавил видео на кое еден од неговите електрични SUV автомобили влече 130 тони тежок “Boeing 787-9 Dreamliner” речиси 300 метри на аеродромот во Мелбурн во Австралија.

Авионот е во состав на флотата “Qantas Airlines”, а подвигот успешно поставил нов Гинисов светски рекорд за најтешко влечење на електрично патничко возило. Ова е огромен подвиг за SUV, кој инаку влече околу 2,5 тони, се наведува во изјавата за медиумите. 787 имал само малку гориво во резервоарите, и не пренесувал патници и товар.

“Qantas”, кој користи електрични возила за влечење на своите авиони за значително пократка далечина, изјавил дека ова шоу е изведено за да се привлече внимание на одржливоста. “Qantas” неодамна бил критикуван од Меѓународниот совет за чист превоз поради рекордното загадување. Се покажало дека “Qantas” загадува повеќе од било кој друг регионален превозник на транспацифички летови.

Оваа австралиска компанија изјавила дека е посветена на подобрување на одржливоста така што ќе ги повлече старите “Boeing 747”, кои голтаат огромни количини на гориво и ќе ги заменат со 787, кои горивото го трошат поефикасно и имаат поголем долет. “Qantas” додал и дека експериментира со поефикасни видови на гориво.

Leave a comment

error: Content is protected !!