Ѕверот на Путин за прв пат во јавност: Новата лимузина на рускиот претседател претставена за време на инаугурацијата

Како и што се очекувало, новата претседателска лимузина на Путин за прв пат била јавно прикажана на денот на положување на заклетва на старо-новиот претседател на Русија.

По неколку години најави и неколку фотографии од различни прототипови, конечната верзија на новата претседателска лимузина на Путин, произведена во Русија, ја здогледала светлината на денот.

Автомобилот со кој рускиот претседател отишол да положи заклетва, настанал токму на иницијатива на Владимир Путин, кој предложил на рускиот пазар да се појави линија од домашни, луксузни лимузини, MPV модели и теренци под обединето име – “Кортеж”.

Идејата е претседателот да има свое посебно возило, но и да се развие линија за останатите високи државни фунцкионери, вклучувајќи специјализирани возила, мини-комбиња, но и SUV автомобили. Делот од производството на овие возила би бил достапен на слободниот пазар.

Конечната верзија на “Кортеж” лимузината која била промовирана на инаугурацијата, од надвор изгледа како “Mercedes S Class” и моделот “Rolls Royce Phantom”.

Според неофицијалните информации, за погон е употребен турбополнет V12 мотор со 850 коњски сили, кој е развиен со помош на “Porsche”, а автоматскиот деветобрзински менувач наводно е од руско производство.

Што се однесува до останатите возила од програмата “Кортеж”, во план се мини-комбе, SUV и една помала лимузина, а секое од овие луксузни модели ќе се изработува во серија од по 5.000 единици.

Leave a comment

error: Content is protected !!