Ѕирнете во свингерскиот рај – вила во која се одржуваат секс забави

„Croydon Hall“ вилата е сместена во англискиот Родхиш и се продава за 2,2 милиони фунти.

Нејзината посебност, освен во луксузното уредување, лежи во нејзината намена. Свингерскиот дворец, како што отсекогаш го нарекуваат, моменатлно се користи за одржување на забави за возрасни, а прилагоден е за оние кои сакаат да уживаат во сексуални игри и исполнување на најневеројатните фантазии.

Вилата содржи дури 15 соби, спа центар, сауни, базен, ноќен клуб, фризерски салон и бар за гости, кои доаѓаат таму за да му се препуштат на хедонизмот.

Сегашните сопственици една од собите ја претвориле во Црвена соба, инспирирани од романот „50 Нијанси на сиво“, а опремена е со црвен тепих, железни ланци, секс-играчки и огромен дрвен кревет, пренесува „The Sun“.

Фотографиите од раскошниот свингерски рај се објавени на страницата „Booking“, а во описот е наведено дека собите звучно се изолирани и дека дури може да отидете со деца и домашни миленици, со посебно барање. Вилата моментално ја водат „Exclusively Silks“, а на својата страница тврдат: „Секој може да биде свингер.“

Leave a comment

error: Content is protected !!