Ѕирнете во фестивалот на пеколот, на кој двајца загинале, а 700 луѓе завршиле во болница: Голотија, блуд и бизарност на сите страни

Околу 30.000 луѓе го посетиле контроверзниот фестивал “Дефкон.1”, кој бил одржан минатата сабота во Сиднеј. На музичкиот фестивал можело да се види се, од чудна облека и многу голотија до бизарни танцувачки движења.

Иако организаторите истакнале дека нема да толерираат банди и забранети супстанци, две лица починале во саботата а 700 побарале помош, најверојатно поради прекумерна употреба на дрога.

Фестивалот е настан кој ја почитува креативноста, слободата и музиката позната како “хардстајл”, која се појавила во Холандија на почетокот на 90-тите.

Меѓутоа, по смртните случаи, иднината на фестивалот е под знак прашалник, а новиот премиер на Нов Јужен Вес, Гладис Берејиклиан ветил дека овој настан нема повторно да се одржи во државата.

Речиси 30.000 луѓе го посетиле еднодневниот фестивал на кој настапувал еден водечките светски диџеи, Хедхантерс од Холандија, кој е омилен во својата земја, но и пошироко.

Овој жанр “хардстајл” е познат по својот интензитет, во кој има преку 150 отчукувања во минута, наспроти 110 отчукувања колку што има музиката во домашни услови.

Оваа музика довела до раѓање на танцовиот стил познат како “muzzing” или “Hakken”, каде учесниците ги креваат рацете во воздух и удираат со нозете во ритам на музиката.

Интензитетот на музиката во комбинација со топлото време во Сиднеј довеле до тоа луѓето да носат малку облека на себе.

Поради тоа девојките на фестивалот во главно биле провокативно облечени, само во долна облека или костими за капење, додека мажите се појавуваат без маици.

Фестивалот поради тоа ги поттикнува гостите да се облечат најлудо што можат, тврдејќи дека така ја слават креативноста и слободата.

Посетителите се советуваат во главно да носат “Air Max” патики, но и чизмите и мартинките се добар избор, пишува на сајтот на фестивалот.

На фестивалот може да видите разни, необични комбинации, па така некои носат костими, пижами, или свој аутфит украсен со светки.

По смртните случаи, новиот премиер истакнал дека фестивалот не е безбеден и бара истиот да се забрани.

Leave a comment

error: Content is protected !!