Џенифер Анистон: Момците не сакаат продолжение на “Пријатели”

Зборувајќи за потенцијалното продолжение на “Пријатели”, Џенифер Анистон рекла дека шансите за тоа се мали бидејќи момците од екипата се помалку возбудени по повод повторно обединувањето на групата од серијата.

Гостувајќи кај Џејмс Корден, актерката објаснила Мет ЛеБланк, Дејвид Швимер и Метју Пери се неодлучни кога станува збор за повторување на улогите на Џои, Рос и Чендлер.

“Девојките секогаш зборуваа дека би работеле повторно, додека момците, од некои причини, беа помалку возбудени за тоа”, рекла актерката. “Не знам зошто”, додала.

Анистон истакнала дека таа и нејзините колешки од серијата, Лиса Курдоу и Кортни Кокс, затоа решиле да направат римејк со име “Golden Grils”.

Мет ЛеБланк, кој во “Пријатели” го игра Џои, на почетокот на годината објаснил зошто не сака враќање во култната серија.

“Разбирам дека луѓето сакаат да видат обединување, но серијата следи одреден период во животот на ликовите, кога тие имаат меѓу 20 и 30 години”, навел тој.

“Да се види што прават ликовите денес, мислам дека единствено може да се случи во книга. Секој мечтае за тоа што тие прават сега, тоа е подобра опција”, истакнал актерот тогаш.

Долго се зборувало и за трејлер за филмот кој би бил продолжение на серијата, меѓутоа режисерот на “Пријатели”, Кевин Брајт, рекол дека не можеле да се договорат за тоа.

“Приказната за група луѓе во 50-тите години кои седат во кафуле би била патетична”, изјавил тој за британски “Metro”.

Серијата “Пријатели” е емитувана во 10 сезони, кои излегле во период од 1994-та до 2004-та година, а многу е популарна и денес.

Leave a comment

error: Content is protected !!