Џек Ма и лекциите во Давос: Машините имаат чип, но луѓето имаат срце

Основачот на Алибаба, Џек Ма, го отворил панелот во Давос, одговарајќи прашања во свој стил.

Зборувал за тоа како се соочил со стравот, но и како ја изградил “Алибаба”.

“Не постои експерт за утре. Експерт е тој од вчера”.

За сомнежите

“Во бизнисот, никогаш не би требало да се грижите за конкуренцијата, никогаш не грижете се поради притисокот. Ако се грижите за притисокот, немојте да бидете бизнисмен. Денес голема работа е сите да се грижат за се”.

Неговиот пристап, вели, во главно е таков да се реши проблемот и да се продолжи понатаму.

За вработувањето

“Кога вработувам луѓе, најмувам луѓе кои се попаметни од мене, луѓе кои после 4-5 години ќе можат да бидат мојот шеф. Сакам да вработувам луѓе кои ќе ми се допаднат, кои се позитивни и кои никогаш не се откажуваат”.

Најдобрите луѓе се оптимисти и не се жалат, вели тој.

За образованието

“Мораме да ги научиме децата да бидат креативни и иновативни, да го прават тоа што машините не можат. За да ги контролирате паметните луѓе, мора да користите култура, систем на вредности, сето тоа што ќе ги наведе да веруваат во тоа што го работат”.

“Машините на иднината имаат чипови, но луѓето имаат срце. Образованието мора да се движи во таа насока”.

На еден од панелите во Давос, младите лидери и претставници на технолошките заедници имале можност да разговараат со Џек, кој инаку е член на управниот одбор на Светскиот економски форум.

Leave a comment

error: Content is protected !!