Џака Накот со порака за еден од членовите на “Легијата”: Ти си човек со нула почит, вешт во глумење најдобар пријател!

Еден од членовите на рап групата “Легија”, Џака Накот, денес со својот статус на Фејсбук ги вознемири најверните фанови на споменатата група.

Имено, тој во својот прилично долг статус го нападна Тонио Сан, судејќи по текстот, довчерашниот член на Легијата.

 

Ви го пренесуваме неговиот статус во целост:

“Помина година дена од мојот личен најголем пораз, човек кој сите го сметавме за брат, го земавме во екипа од 14 години, го штитевме, учевме, па дури и на моменти бевме спремни-и ќе убиевме човек за него, ни зари нож во срце.

Се што градевме заедно како екипа од 2000, пријателство, единство, морал и етика, се падна во вода, исто како и неговата маска. Време е сите да знаете, јавноста да дознае, новите луѓе кои ќе го упознаат ( бидејќи старите пријатели ги нема веќе ) да знаат со каква мимикрија си имаат работа, лицемер пар екселанс, човек со нула почит кон било што-но многу вешт во глумење најдобар пријател.

Ќе се смее со тебе, ќе јаде, ќе пие, за половина час ќе те оговара како да си му убил фамилија-само што и нив не ги цени, дајте му прст, двете раце ќе ви ги земе, ќе се направи жртва во секоја ситуација, ако неговото супер его или како што тој милува да си ја нарекува “алфа харизма“ е загрозена од некој лик-веднаш подготвува терен за негова пропаст, куди луѓе, прави да си речеш “ па да, може си у право…“

Многу прилики прокоцкавме поради него, многу мостови запаливме поради него, бевме спремни да убиваме и гинеме за него, но тој никогаш за нас.

Подол, препреден, себичен и најстрашното од се-кукавица.

Човек кој што јас или било кој да направеше такво нешто како него-на Нептун ќе знаеа до сега, ќе ликуваше и ќе им даваше храна на нашите непријатели од болката да ни се ситат.

Неговото име е Антонио, попознат за вас како Tonyo San.

Овој човек не е повеќе дел од Легијата, Green Out, Шурикен Рекордс, или било што поврзано со нас.

Сите негови песни се лага, се што тој кажал некогаш и ќе каже е лага.

Социопат, себично бесчуствително копиле кое ќе му зарие нож во грб на “брата си“ додека го бакнува во чело…

Јуда.

А кога ќе го видите, прашајте го зошто не е повеќе со нас-ќе нема доблест да ви ја каже вистината, или ќе ве изманипулира со алтернативни факти, само ако сте помлади…старите другари и друштво го нема повеќе, тие врати се запечатени за секогаш.

Легијата продолжува без него.

Ти посакувам се најдобро во животот и можеби си ја научил лекцијата и со следните другари и браќа-ако ги имаш некогаш повторно, ќе се однесуваш и ќе ги цениш за такви какви што се, и ќе сватиш дека пријателството не е еднонасочна улица.

Збогум, и господ нека ти прости, пошто јас неможам.

ПС:
Благодарам на семоќниот што му ги разоткри плановите и го покажа во вистинското светло, бидејќи алтернативата ако ја замислам е страшна.”.

Што го навело раперот да го напише овој статус не знаеме, но според коментарите подолу можеме да заклучиме дека Тонио бил во тајна врска со девојка на еден од членовите на Легијата.

https://www.facebook.com/dadzakanakot/posts/629492637404694

Leave a comment

error: Content is protected !!