Дволичната Хилари: Клинтон го нападнала Трамп поради Путин, а некогаш за рускиот претседател зборувала поразлично

Хилари Клинтон признала дека тајно се состанала со рускиот претседател Владимир Путин во 2014. година и дека имала кокетен разговор со него.

Во мемоарите на Хилари – “Тешки избори”, Клинтон објаснува дека нејзиниот состанок со Путин во Москва вклучувал и пријатен и неофицијален разговор за зближување, каде разговарале за нивната љубов кон сибирските тигри во приватната канцеларија на рускиот претседател.

Според зборовите на Хилари, таа го прашала Путин “што тој прави за да ги спаси тигрите во Сибир?”.

“Изненадено го крена погледот. Сега го имав неговото внимание”, рекла таа.

Покрај тоа, Клинтон се потсетила на неколку анегдоти кои Путин и ги раскажал за време на нивното време заедно, вклучувајќи и лична приказна за својата мајка.

“Во текот на војната, таткото на Путин дошол дома од фронтот на кратка пауза”, напишала Клинтон.

“Кога дошол до станот во кој живеел со својата сопруга, видел многу тела кои лежеле на улица, а мажите ги товареле во камион. Додека се приближувал, видел и женски нозе со чевли, кои препознал дека припаѓаат на неговата сопруга. Потрчал и го побарал телото на својата сопруга”.

“По кратка расправа, човекот ја предал, а татко му на Путин ја земал во рацете и откако ја прегледал, сфатил дека е се уште жива. Ја однел во нивниот стан и ја негувал додека не го повратила своето здравје. Осум години подоцна, се родил нивниот син Владимир”.

Во саботата, Хилари рекла: “Голема мистерија е зошто овој претседател не зборуваше за нашата земја, а тоа најочигледно го видовме на овој неодамнешен состанок со Путин”, рекла Клинтон за Трамп во саботата.

“Па, оваа идеја дека некако не сме сигурни каде е нашиот претседател е некако вознемирувачка”.

Кога завршил состанокот во Хелсинки, Клинтон преку Твитер го обвинила Трамп е дека е дел од рускиот тим. Состанокот со рускиот лидер е стандарден дипломатски протокол за претседателот и неговиот кабинет – освен ако тој претседател е Доналд Трамп”.

Leave a comment

error: Content is protected !!