Два дена венчавката на годината, идната принцеза минува низ пекол

Свршеничката на принцот Хари, Меган Маркл, која во сабота и официјално ќе стане негова сопруга, само два дена пред венчавката минува низ пекол.

Имено, црнокосата актерка не може да дојде при себе од шок, а денес дошла потврда за тоа од кое Меган најмногу се плашела.

Меган изјавила дека нејзиниот татко Томас Маркл, нема да присуствува на кралската венчавка во сабота, како и дека со самото тоа нема да ја одведе до олтарот.

Самата Меган се надевала дека изјавата на Томас од пред неколку дена, кога кажал дека сака својата ќерка да ја поштеди од поголем срам е точна. Меѓутоа, тој навистина нема да присуствува на венчавката.

Меган изјавила дека сака да му се даде простор за неговото здравје да се подобри. Имено, американската ѕвезда проговорила за големата тага што нејзиниот татко ќе го пропушти најважниот датум во нејзиниот живот.

“За жал, мојот татко нема да присуствува на нашата венчавка. Секогаш се грижев за него и се надевам дека може да му се даде просторот кој му е потребен, за да се фокусира на здравјето. Би сакала да им се заблагодарам на сите кои ми пратија пораки за поддршка. Знајте дека со Хари се радуваме што ќе го поделиме нашиот посебен ден со вас”, стои во соопштението на Меган.

Томас Маркл и натаму се наоѓа во Мексико, каде се опоравува од операцијата на срце, а скандалот со папараците кој неодамна се случил и натаму се раскажува.

Пред неколку дена се појавиле фотографии од таткото на Меган како пребарува на интернет во потрага по информации за венчавката на кралскиот пар, за на крајот да се воспостави дека се било наместено и дека таткото на Меган добро заработил од тоа.

Leave a comment

error: Content is protected !!