Дутерте повторно на удар на јавноста: Повикал две девојки на бина, па едната ја бакнал во уста

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се нашол на удар на јавноста кога бакнал една своја сонародничка која работи во Јужна Кореја.

Дутерте на собирот во Сеул повикал две работнички на бина за да им предаде книги, а потоа едната ја бакнал во уста.

Тие биле многу возбудени што се на бина со претседателот, но додека едната ја бакнал во уста, Дутерте на другата и покажувал дека сака да ја бакне во уста и не се откажал додека тоа не се случило.

Невладините организации и корисници на социјалните мрежи го осудуваат потегот на филипинскиот претседател и го нарекуваат “одвратен, театрален и сексистички лидер”. Ова не е прв пат Дутерте да биде обвинет за непримерно однесување кон жени.

Дутерте во саботата предизвикал уште едно згрозување во јавноста откако на експертот на ОН, Диего Гарсија Сајан му рекол дека “оди по ѓаволите и да не се меша во работите на неговата држава”.

Гарсија Сајан ги критикувал Филипините велејќи дека независноста на судовите во државата е под закана, на што филипинскиот претседател му одговорил: “Тој не е посебна личност и не ја признавам неговата титула. Кажете му да не се меша во работите на мојата држава. Нека оди по ѓаволите”, рекол Дутерте.

Leave a comment

error: Content is protected !!